
Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски официјално се збогуваше со Хајдук Сплит, клубот во кој настапуваше изминативе две години. Ветеранот го потврди своето заминување преку објава на социјалните мрежи, во која упати благодарност до соиграчите, стручниот штаб и навивачите.
„Тоа беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај сè, се чувствувам благодарен. Им благодарам на сите: соиграчите, стручниот штаб и навивачите. Ви благодарам за сета поддршка што ми ја дадовте. Посакував да го завршевме ова поглавје со шампионска титула. Ви посакувам среќа и оваа цел да ја постигнете во иднина!“, објави Трајковски.
Во дресот на Хајдук, Трајковски одигра вкупно 36 натпревари, од кои 13 како стартер, и постигна девет голови. Иако не беше постојан член на првиот состав, остави солиден впечаток и со своето искуство придонесе за тимот во важни моменти.
Сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но со оглед на неговото искуство и статус како еден од клучните македонски репрезентативци, се очекува наскоро да има нов клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
