Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги пофали своите играчи што се бореа до крајот и дојдоа до 1-1 против Севилјана домашен терен, во првиот полуфинален натпревар на Лига Европа. „Старата дама“ го постигна израмнувачкиот гол длабоко во судиското надополнување, но тренерот верува дека ова реми ги зачува шансите на неговиот тим за реваншот.
Сепак, тој не штедеше критики за играта на составот на почетокот на натпреварот, кога прими рано гол, а можеше да прими и втор.
„До првиот гол тимот добро ја движеше топката, но кога стигнавме пред противничкиот гол, решивме да делуваме премногу самостојно и направивме премногу грешки. Потоа бевме казнети од контранапад бидејќи оставивме премногу простор, а можевме да примаме и втор гол на сличен начин. Сепак, момците се бореа и стигнаа до заслужено реми, со што ги зачувавме шансите за реваншот“, смета Алегри.
„Севилја е искусен тим кој се бори до крајот. Запомнете, тие беа во негатива од 2-0 против Манчестер Јунајтед, но стигнаа до 2-2 и потоа го добија реваншот со 3-0. Ние моравме да бидеме поконкретни во завршната фаза, особено во првите 25 минути од натпреварот. Наместо тоа, бевме премногу хаотични и примивме гол од контранапад“, истакна тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













