Connect with us

Алегри урлаше на директорите на Интер: Вие сте еден куп г*мна, ќе завршите шести

Јувентус не успеа да се пласира во финалето на Купот на Италија откако вчера загуби од Интер со 1-0 во реваншот од полуфиналето. Првата средба меѓу овие два тима заврши 1-1, а сето тоа тешко му падна на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој создаде хаос по средбата.


Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри бил бесен и дека се судрил со директорите на Интер недалеку од соблекувалните на стадионот. „Газета дело Спорт“ прецизира дека ги навредувал Џузепе Марота и Дарио Бачино.

„Вие сте еден куп г*мна, но сепак ќе завршите шести“, извика Алегри, а потоа се сврте кон својот тим и рече: „Мораме да завршиме пред нив на табелата, мора да ги спречиме да играат во Лигата на шампионите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови