
Масимилијано Алегри го пофали Јувентус за враќањето на тимот резултатски во гол-фиестата (3-3) против Аталанта во синоќешниот дуел од Серија А. Ова беше прв натпревар за „бјанконерите“ откако им беа одземени 15 бода по откритијата за финансиски малверзации.
„Момците одиграа добро против талентиран, физички подготвен тим како Аталанта. Не беше лесно да останеме фокусирани, но покажавме професионалност, одговорност и желба да ја продолжиме работата што ја започнавме. Мораме да продолжиме да ја работиме нашата работа, која е на теренот. Мораме да им се заблагодариме на играчите за она што го направија, бидејќи сфаќам дека е лошо за психата да гледате како одите од второ или трето на десеттото место. Треба да им се честита на играчите и на сите останати“, изјави Алегри за италијанските медиуми.
„Задоволен сум од тоа како играчите реагираа на теренот, но за жал грешките скапо не чинеа. Можевме да победиме со 5-2, но го загубивме фокусот. Сега се е толку компликувано што мораме да правиме чудесни работи за да напредуваме на табелата. Мислам дека со 71 бод веројатно ќе одиме во Лигата на шампионите, но не знам дали ќе успееме. Тешко е, но мораме да се бориме во Серија А, Копа Италија, Лига Европа, па ќе одиме чекор по чекор. Невозможно е да се размислува толку далеку во иднината“, потенцира тренерот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
