Италијанскиот клуб Јувентус оствари важна победа против Кремонезе, но успехот го засени најновата повреда на Пол Погба. Тоа за тренерот Масимилијано Алегри е секако големо разочарување.
„Сите сме разочарани. Тажно е затоа што направи толку многу жртви за да се опорави и сега мора повторно да запре“, изјави Алегри за „ДАЗН“.
Тренерот на тимот од Торино исто така рече дека било тешко да се надмине цврстата одбрана на Кремонезе.
„Не беше лесен натпревар бидејќи Кремонезе добро се бранеше. Тоа не натера побрзо да ја движиме топката и го направивме тоа подобро во вториот дел. Што се однесува до натпреварот в четврток, не сум размислувал за ништо, ќе одлучам во последен момент“, изјави Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













