Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го истакна Пари Сен Жермен за главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак тоа го направи пред гостувањето на неговиот тим во Париз и дуелот со францускиот шампион на стартот на најсилното натпреварување во Европа.
„За да ја минеме групата ќе ни бидат потребни 10 бода. Според мене, Пари Сен Жермен е главен фаворит во Лигата на шампионите. Ќе биде убав натпревар, а ние сме решени да прикажеме убава игра од технички аспект“, вети Алегри на прес-конференцијата пред натпреварот.
Минатата сезона, ПСЖ беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Јувентус во истата фаза на натптеварувањето доживеа шок од Вилјареал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













