
Италијанскиот првак Јувентус ќе ја загуби шампионската титула во Серија А оваа сезона, но сака да ја врати во своите витрини веќе во следниот шампионат. Повеќе од јасно е дека Андреа Пирло ќе добие отказ и ќе му го отстапи местото на многу поискусниот Масимилијано Алегри. Тој треба да ја направи револуцијата во составот на „старата дама“.
Кристијано Роналдо оди на продажба. Алегри победи на тој план, искусниот стратег и си замина кога Андреа Ањели одлучи да го купи Португалецот.
Алегри успеал да го убеди и капитенот Џорџо Кјелини да игра уште една сезона и да не заминува во пензија. Исто така главната улога во нападот ќе му биде доверена на Пауло Дибала, а ќе биде доведен уште еден квалитетен напаѓач со оглед дека и Алваро Мората ќе се врати во Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal