
Масимилијано Алегри ќе остане тренер на Јувентус барем до крајот на сезоната, иако си поднесе оставка целиот Управен одбор на италијанскиот калчолигаш.
Комплетното раководство на Јувентус, на чело со претседателот Андреа Ањели, поднесе оставка во понеделникот, по обвинувањата за зголемување на вредноста на трансферите и криење на платите на своите играчи и вработени за време на пандемијата на коронавирусот.
Како што пренесува „Калчомеркато“, сопствениците на Јувентус побарале од Алегри и од спортскиот директор Федерико Черубини да останат на своите позиции до крајот на сезоната.
Минатата година Алегри потпиша договор до 2025 година вреден седум милиони евра годишно. Ањели е голем пријател со Алегри и лобираше тренерот да се врати во Торино. Ањели го поддржуваше тренерот во текот на целата сезона, иако „црно-белите“ веќе беа елиминирани од Лигата на шампионите во октомври, а многу навивачи бараа негово заминување.
Според извештајот, Алегри „изразил сомнеж на човечко ниво“ кога бил информиран дека членовите на бордот ќе поднесат оставки, но се согласил да остане на клупата барем до крајот на сезоната.
Во понеделникот, Алегри имаше средба со Черубини за стратегијата во јануарскиот преоден рок, но по неколку часа се пропадна, кога Ањели и останатите девет членови на управата поднесоа оставки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
