
На Јувентус со одлука на судот му се одземени дури 15 бода поради финансиски малверзации во клубот. Тој е казнет за фалсификување финансиски извештаи, односно прикажување лажни профити на клубот, како и за малверзации со плати за време на пандемијата. Поради казната „старата дама“ падна на 10. место со 22 бода.
Тренерот Масимилијано Алегри ја коментираше ситуацијата во клубот по драстичната казна.
„Ништо не се менува. Треба уште да освојуваме бодови. Мораме да се обидеме да ја победиме Аталанта бидејќи победата ни го носи седмото место во поредокот. Имаме натпревари во Лига Европа, во Купот… Мора да играме најдобро што можеме. Следната недела ќе ги имаме Пол Погба и Душан Влаховиќ кои се враќаат, а сега повторно сметаме на Хуан Квадрадо. Пред оваа пресуда имавме 37 бода и шанса да играме во Лигата на шампионите, а можеби и да ја освоиме титулата. Мораме да го направиме тоа што треба, конечната одлука ќе биде донесена за два месеци и не смееме да си дозволиме тогаш да тагуваме затоа што не сме одиграле максимално“, изјави Алегри.
Тој доби прашање и дали ќе го напушти клубот доколку Јувентус не се пласира во Европа.
„Јас сум тренер на Јувентус и ќе останам, освен ако не добијам отказ. Има моменти во кои треба да покажеме одговорност, кога е тешко, мора да бидеме мажи. Мораме да направиме што можеме, да бидеме тивки и да се справиме со овој предизвик.цСигурен сум дека момците ќе дадат максимум“, заклучи тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
