Connect with us

Алегри: Интер и понатаму е прв фаворит за титулата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, повтори дека фаворит за титулата во Италија е Интер, иако и неговата екипа сериозно се наметна во досегашниот тек од шампионатот во Серија А.


„Беше тешко да се замисли овој пласман, но Интер останува фаворит за титулата. Нивниот тим е изграден да победува, па дури и Жанг на божиќната вечера рече дека сакаат втора ѕвезда на дресовите“, изјави Алегри, цитиран од агенцијата АНСА.

„Мораме да одржуваме баланс и да ги држиме нозете цврсто на земја. Нашиот пат е различен, но јас сум среќен со напредокот на моите играчи бидејќи речиси го достигнавме нашиот лимит. Целта е да се соберат што повеќе бодови за да се остане на едно од првите четири места кои даваат право за учество во Лигата на шампионите“, истакна Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови