Јувентус оваа сезона не успеа да стигне до титулата, но Масимилијано Алегри и фудбалерите од Торино имаат цел да изборат пласман во Лигата на шампионите. А од следната сезона, целта е јасна, повторно да се врати „скудетото“.
Стратегот има долгорочни планови со клубот, го потврди тоа и во јавноста.
„Дали се гледам во Јувентус наредната сезона? Ако јас се прашува, се гледам во Јувентус во наредните три години. И предизвикот е јасен, Јувентус мора секогаш да победува и да освојува титули. Ме нервира тоа што оваа сезона не сме во трката за титулата, но тоа е лекција да бидеме подобри догодина“, изјави Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













