Connect with us

Алегри ги чека Паредес и Депај за комплетирање на тимот за новата сезона

Италијанскиот калчлолигаш Јувентус ги завршува преговорите со Пари Сен Жермен околу трансферот на аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес. „Старата дама“ наскоро ќе биде посилна за Аргентинецот кој е надвор од плановите на Кристоф Галтие во ПСЖ.


Заминувањето на Адриен Рабио овозможи ваков чекор за Јувентус. Паредес во Торино ќе има плата од околу 5 милиони евра годишно, а парите од продажбата на Рабио ќе бидат насочени кон плаќање на неговото обештетување. ПСЖ бара околу 25 милиони евра.

Тоа не би требало да биде последната активност на Јувентус во овој преоден рок, бидејќи се очекува и доаѓањето на Мемфис Депај кој е пред заминување од Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови