Јувентус има очаен почеток на сезоната. Поразот од Бенфика во второто коло од Лигата на шампионите во Торино навистина го „затресе“ столчето на Алегри. Проблем е самата игра на „бјанконерите“, кои мака мачат да постигнуваат голови, Влаховиќ во повеќето случаи е отсечен од тимот.
Смената на Алегри изгледа како невозможна мисија за Јуве, Масимилијано има силен договор до 2025 година, според кој заработува околу девет милиони евра годишно.
Се споменуваат решенија како Де Зерби и шокантното враќање на Конте, но се чини дека Алегри ќе добие шанса да ја задржи работата. Италијанците пишуваат дека тренерот на Јувентус ќе добие рок до кога треба да ги промени работите во позитивна насока.
Алегри до стартот на паузата за Светското првенство во Катар ќе мора да ја подобри резултатската ситуација. Со други зборови, стратегот на Јувентус има рок до 13 ноември и мечот со Лацио да го подигне својот тим или ќе бидат донесени драстични одлуки според најавите на Италијанците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













