Connect with us

Алегри: Бркотницата со Интер? Тие се крадци, а ние сме полицајци

Јувентус продолжува да собира бодови и да го брка Интер во Серија А откако синоќа убедливо го совлада Сасуоло во Торино со 3-0. Следниот викенд „бјанконерите“ можат дури и да дојдат на врвот на табелата со победа над Лече, бидејќи тимот на Симоне Инзаги нема првенствен натпревар поради учеството во Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија.


Како и досега, Масимилијано Алегри, избегна да зборува за „скудетото“.

„Не сум навикнат да размислувам за такви работи (борбата за титулата)“ – изјави тој по успехот над Сасуоло. „Битката за врвот е како игра на крадци и полицајци. Тие бегаат, ние ќе ги бркаме. Мора да играме со Лече, а ќе биде тежок меч бидејќи ќе гостуваме. Овој противник не дозволува многу голови на свој терен. Потоа треба да се фокусираме на следниот натпревар кој ќе биде против Емполи. Засега треба да бидеме смирени и да уживаме во победата во изминатиот натпревар. Потоа гледаме кон претстојниот дуел. Ова треба да биде наше нормално однесување“.

„Во моментов е важно да останеме приземјени и да одиме чекор по чекор. Треба да продолжиме во овој дух што ни помогна да освоиме 49 бода. Работата е во тоа што мораме да победуваме, бидејќи во фудбалот тоа е сè што е важно“, додаде Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови