
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум официјално го промовираше Бледи Шкемби како нов шеф на стручниот штаб, кој на клупата ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски.
Шкемби е познато име во албанскиот фудбалски простор. Својата репутација ја изгради како лидер на златната генерација на Скендербег, која доминираше во шампионатот на Албанија шест сезони по ред и остави значаен белег и во Европа, настапувајќи во групната фаза од Лига Европа.
Како тренер, Шкемби ја водеше Тирана во две различни етапи, а претходно беше на чело и на екипите на Теута, Динамо Сити, како и на косовските клубови Лирија и Балкани. Има работено и со младинските селекции на Албанија до 17 и до 19 години. Ангажманот во Струга Трим Лум е негов прв во македонскиот фудбал.
Струга ТЛ со стратегот од Корча потпиша договор на две години со можност за продолжување уште една сезона. Во неговиот тим како асистент ќе биде ангажиран и Сабиен Лилај, поранешен фудбалер на Скендербег.
Останатиот дел од стручниот штаб останува речиси непроменет. Меритон Гега и Дејан Лескароски ќе продолжат како помошници, Стефан Мечкаровски како кондициски тренер, а Дардан Мифтари ќе ја задржи функцијата тренер на голманите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
