Connect with us

Алан Ширер и Јан Рајт ќе го бојкотираат „Би-Би-Си“ поради Гери Линекер

Јан Рајт и Алан Ширер се солидаризираа со Гери Линекер и нема да бидат присутни на каналите на „Би-Би-Си“, откако британскиот сервис објави дека Линекер нема да го води „Меч оф д деј“ поради неговите контроверзни пораки околу имиграцијата во Велика Британија во кои ги спореди потезите на владата со тие на нацистичка Германија во 1930-тите.


„Сите знаат што ми значи таа емисија, но им кажав на ‘Би-Би-Си’ дека нема да бидам со нив. Солидарност“, напиша Јан Рајт на Твитер.

Легендарниот поранешен напаѓач на Њукасл, Алан Ширер, исто така потврди дека нема да биде дел од програмата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови