Според многу веродостојниот Фабрицио Романо од “Скај Италија”, Давид Алаба се сложил да му се приклучи на Реал Мадрид по крајот на тековната сезона.
“Алаба е 99% подготвен да му се приклучи на Реал Мадрид”, рече новинарот на својот подкаст. Информацијата веднаш беше потврдена и од “Скај Германија”, кој додава дека австрискиот дефанзивец договорил петгодишен договор со “кралскиот клуб”, односно ќе биде нивен член се до 2026 година.
Покрај Реал, за 28-годишниот фудбалер беше заинтересирана и Барселона, но сепак, таа веќе не е опција. Ова стана јасно уште кога се појавија гласини дека Алаба веќе бара куќа во Мадрид, и тоа блиску до неговиот поранешен соиграч од Баерн, Тони Крос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













