
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, објасни зошто гласал за Лионел Меси наместо неговиот соиграч Карим Бензема во наградата за најдобар фудбалер за 2022 година во изборот на ФИФА. Тој имаше право да гласа во улогата на капитен на австриската репрезентација и на неговата листа втор е Бензема, прв Меси, а трет Килијан Мбапе.
Ова веднаш доведе до бран на незадоволство кај навивачите на „кралевите“, бидејќи се покажа дека од сите играчи на Реал кои имаа право на глас, Алаба беше единствениот кој не го именуваше Бензема како број 1.
Сепак, поранешниот играч на Баерн Минхен објасни како стојат работите.
„Австриската репрезентација учествуваше во гласањето како целина преку мојот глас. Секој еден од т.н совет на тимот имаше можност да гласа и така беше одлучено (каков треба да биде нашиот генерален глас). Сите знаат, особено Карим, колку му се восхитувам како личност и како играч. Често сум велел дека за мене тој е најдобриот центарфор во светот и тоа продолжува да биде така. Нема сомнеж за тоа“, изјави Давид Алаба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
