Connect with us

Ал-Наср му нуди 60 милиони евра годишна плата на Зидан за да биде тренер на тимот

Саудискиот клуб Ал-Наср, во кој настапува суперѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо, достави понуда до поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Неговата годишна плата, доколку се нафати да седне на клупата, би изнесувала 60 милиони евра, пренесуваат медиумите во Саудиска Арабија.


Францускиот стратег сѐ уште не одговорил на овој предлог, намерата на клубот е повторно да ги обедини Роналдо и Зидан.

Хрватот Динко Јеличиќ моментно е на кормилото на тимот на привремена основа по отказот на Руди Гарсија. Ал-Наср е втор на табелата во Саудиска Арабија со три бода заостанување зад лидерот Ал-Итихад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови