
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека сака францускиот напаѓач Килијан Мбапе да остане во клубот и истакна дека тоа е најдобриот клуб за него.
„Нема да кријам дека сакам Килијан да остане. Тој е најдобриот играч на светот, а ПСЖ е најдобриот клуб за него“, изјави Ал-Келаифи за „RMC“.
„Тој е центарот на нашиот проект. Тој го има најдобриот тренинг центар во светот, најдобриот тренер во светот. Тој секако игра во Лигата на шампионите секоја година…“, додаде претседателот на ПСЖ.
„Килијан е голем човек, одличен играч, но и одлична личност. Имам доверба во него, тој никогаш не би го повредил овој клуб. Затоа ги молам сите да го остават на мира. А нас, ние сме добро. Му верувам 200 проценти, тој е добро момче, ми даде збор и тој е човек од збор и му верувам. Нема да дозволам никој да го дестабилизира Килијан или тимот. Мојата порака е јасна, Килијан Мбапе е дел на нашето семејство и јас ќе го заштитам моето семејство“, рече Ал-Келаифи.
Договорот на Мбапе со францускиот шампион истекува во јуни и тој може слободно да бара нов клуб од 1 јануари, па медиумите веќе почнаа да шират гласини за неговата иднина. Повторно Реал Мадрид е во фокусот.
„Ни претстојат многу важни натпревари, ве молам оставете го Килијан на мир“, изјави претседателот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
