Саудискиот клуб Ал-Ахли го договорил и трансферот на напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. Според медиумите на Островот, „пчелите“ ќе добијат 40 милиони фунти за англискиот репрезентативец, кој веќе ги минува медицинските прегледи во Лондон.
Челси изгледа ја загуби битката со Ал-Ахли и за Осимен. Оваа вест излегува неколку часа по информацијата дека Ал-Ахли постигнал договор со Наполи за трансферот на Виктор Осимен, за кој ќе плати 80 милиони евра.
Во Италија тврдат дека овој трансфер е сигурен, но „Скај Спортс“ цитира извори од Саудиска Арабија според кои е невозможно Ал-Ахли да ги доведе двата напаѓачи. Прво, бидејќи нема место за уште двајца странци во тимот, а дополнително клубот не располага со потребниот буџет за да ги финализира двете зделки.
Така, ситуацијата станува многу интересна, уште повеќе што и двајцата напаѓачи беа на списокот на Челси, кој е на пат да ги пропушти поради истиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













