Владата формираше некое „координативно тело“ за да помогне при организацијата на работите пред Европското првенство, но од тоа речиси и да не се виде ништо. Ако навистина сака барем малку позитивен пи – ар, тогаш треба да дозволи македонските херои да бидат испратени од фановите на Европското првенство.
Фудбалската федерација на Македонија поднела барање до Комисијата за јавно здравје да дозволи пријателските натпревари на македонскиот национален тим да се играат пред 30% од капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“. Ова значи дека барем околу 10.000 навивачи би присуствувале на мечевите против Словенија (1 јуни) и против Казахстан (4 јуни) и би се направил дополнителен флуид во пресрет на историскиот настап на Македонија на ЕП.
Фудбалската репрезентација втор ден се подготвува за настапот на Европското првенство каде ја очекуваат дуели против Австрија (13 јуни), Украина (17 јуни) и Холандија (21 јуни) во групната фаза. Да се надеваме дека патот ќе продолжи и во втората фаза на ЕП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













