Реал Мадрид би можел да го отпушти Карло Анчелоти уште денес, пренесуваат шпанските медиуми. Клубот се наоѓа во многу незгодна ситуација откако беше елиминиран од Лигата на шампионите во четвртфиналната фаза, со вкупен резултат 1-5 од Арсенал по двата натпревари.
„Кралскиот клуб“ денес се соочува со Атлетик Билбао и му е потребна победа по секоја цена доколку сака да остане во трката за титулата во Ла Лига.
Вчера италијанскиот стратег изјави дека по завршувањето на сезоната ќе разговара со раководството на клубот за својата иднина. Иако има договор со Реал до летото 2026 година, повеќе извори тврдат дека истиот би можел да биде раскинат предвреме – дури и уште денес.
Челниците на Реал би можеле да преземат драстични мерки доколку тимот вечерва загуби на домашен терен против Билбао.
Според различни извори, одлуката на раководството можеби не е поврзана толку со поразите од Арсенал, колку со тоа што Анчелоти, наводно, го изгубил авторитетот и контролата во соблекувалната. И покрај елиминацијата од Лигата на шампионите, Реал сè уште е во трката за титулата во Ла Лига и за трофејот во Купот на кралот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













