
Кога летото 2019 година пристигна во Реал Мадрид од Челси за 115 милиони евра, Еден Азар требаше да биде едно од најголемите засилувања во историјата на „кралскиот клуб“. Сепак, повредите и лошата форма го доведоа до статус на еден од најголемите неуспеси.
За две и пол сезони постигна само пет гола, а настапи на само 59 натпревари, главно влегувајќи од клупата. Сите шпански медиуми пренесуваат дека тој е незадоволен од статусот во тимот и дека сака да си замине, а Реал Мадрид нема ништо против такво сценарио бидејќи сака да се ослободи од неговата огромна плата.
Новиот најбогат клуб во светот Њукасл сериозно загризал и сака да го доведе Белгиецот во своите редови. Англискиот премиерлигаш испратил понуда до Реал во висина од околу 40 милиони евра, но таа не е доволна.
Реал нема да се согласи на отштета помала од 50 милиони евра. Трансферот би можел да биде завршен уште во овој преоден рок бидејќи Азар врши притисок клубот да го продаде. Тој сака да се реши клупската ситуација и да има што е можно поголема минутажа пред Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
