Connect with us

Ако Пјаниќ остане во Барселона – ќе „скапе“ на клупа

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ го помина поголемиот дел од минатата сезона во Барселона на клупата за резервни играчи, а исто ќе биде и во оваа доколку остане на „Камп Ноу“. Ова јасно го потврди тренерот Роналд Куман, кој изјави дека ситуацијата со Пјаниќ е совршено јасна за сите, и дека сака да им даде можност на помладите играчи.


„Имаме на располагање 27 играчи и морам да изоставам четворица. Сите ние совршено добро ја знаеме неговата ситуација“, изјави Куман на прашањето зошто не му дава шанса на Пјаниќ.


Босанецот не беше во протоколот за дуелот меѓу Барселона и Реал Сосиедад во првото коло од Ла Лига.


„Јас сум тренер кој секогаш им дава можност на младите играчи кои се иднината на клубот. Алекс Коладо беше блиску до продажба во Белгија пред 10 дена, и во овој момент претпочитам да му дадам можност на Јусуф Демир“, објасни Куман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови