Connect with us

Ако не може да го задржи во Ливерпул, Клоп му препорачал на Салах да оди во Барселона

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах е веројатно најдобриот играч во Европа оваа сезона. Со десет гола и пет асистенции тој е првото име на Ливерпул и воопшто во Премиер – лигата оваа сезона. Неговиот договор со „црвените“ истекува во јуни 2023 година. Клубот напорно се обидува да го задржи, но Салах и неговиот агент наводно бараат плата од дури 400.000 фунти неделно, што би го направил најплатениот играч во историјата на клубот.


Засега, се чини дека Ливерпул не е подготвен да му даде толку многу пари со оглед на рационалното трошење на клубот во однос на платите.

„Би бил среќен кога би можел да играм овде до последниот ден од мојата фудбалска кариера, но не можам многу да кажам за тоа. Не е се во мои раце. Се зависи од тоа што сака клубот, не само зависат од мене. Иако, не можам да се видам себеси како играм против Ливерпул. Тажен сум. Тешко е, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Салах пред дербито со Манчестер Јунајтед.

„Ел Национал“ носи голема приказна дека Клоп веќе се помирил со фактот дека Салах би можел да замине на лето. Доколку египетскиот напаѓач не го продолжи договорот до крајот на оваа сезона, Ливерпул ќе се обиде да го продаде за следната сезона да не замине бесплатно. Меѓу првите фаворити за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Сепак, менаџерот Јирген Клоп го советувал дека доколку мора да го напушти Ливерпул, да ја избере Барселона.

Според германскиот стручњак, тој би бил главен играч во Барселона, додека Реал Мадрид ќе формира нов тим чија главна ѕвезда би требало да биде Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови