Првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Летонија на 21. март на националната арена „Филип Втори“ без сомнение ќе мине и во знакот на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
Пандев на дуелот против Летонците ќе го одбележи својот 100-ти натпревар во репрезентативниот дрес, јубилеј за македонскиот фудбал повеќе од значаен ако се знае дека капитенот ќе биде само втор фудбалер со 100 репрезентативни настапи во историјата, Гоце Седлоски.
„Упатувам апел до навивачите да дојдат и да го поздрават најголемиот наш фудбалер во историјата. Ако можат во Италија со овации да го поздрават 80.000, сигурно може и Македонија да дојде и да го поздрави Горан Пандев“ – вели македонскиот селектор Игор Ангеловски.
А, билетите за пресметката против Летонците која се игра од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се од денеска пуштени во продажба, по цена од 150 денари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













