Германскиот гигант Баерн Минхен би можел да упати изненадувачка понуда до Манчестер Сити за трансфер на Џек Грилиш. Винсент Компани, кој од денеска изгледа многу блиску да стане нов тренер на Баварците, е голем обожавател на англискиот репрезентативец и тој ќе биде една од неговите први и главни трансферни цели за претстојното лето.
И покрај тоа што беше клучен за успехот на Сити во изминатите две сезони, Грилиш играше помалку во последната сезона бидејќи се бореше со повреди, додека Жереми Доку беше многу силен во својата дебитантска сезона.
Во Бундес-лигата, Грилиш сигурно ќе игра повеќе и исто така би се обединил со својот репрезентативен колега Хари Кејн, што може да се покаже како одличен потег.
Гвардиола тешко би се разделил со Грилиш, но доколку самиот играч сака да направи промена, менаџерот веројатно нема да му застане на патот бидејќи ставот на Шпанецот отсекогаш бил дека играчите треба да бидат среќни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













