
Францускиот весник „Ле Паризиен“ откри дека секој француски репрезентативец ќе добие речиси 400.000 евра како премија доколку „петлите“ повторно ја освојат светската титула. Ако стигнат до финалето, но загубат во последниот меч, Французите ќе се утешат со по 285.000 евра.
Доколку загубат од Мароко во утрешното полуфинале, светските шампиони нема да останат со празни раце – ги очекуваат меѓу 256.000 и 237.000 евра, а повисоката награда е за третото место во мини-финалето.
Овие суми ќе бидат распределени меѓу 26-те играчи, меѓу кои и повредените Карим Бензема и Лукас Ернандез, како и четворица членови на стручниот штаб.
Винсент Шодел, ко-основачот на „Спортската бизнис опсерваторија“, ги спореди ветените бонуси со клупските примања на ѕвездите на Франција.
„Направивме математика: во случај на титула, Мбапе ќе заработи еквивалентно на два дена од неговата основна плата во ПСЖ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
