Connect with us

Академија Пандев во финалето на Купот: Второ освојување на Ѓорче Петров за три дена (ВИДЕО)

Академија Пандев се пласира во финалето на Купот на Македонија откако славеше на полуфиналната пресметка на стадионот во Ѓорче Петров со 1-3 против Македонија ЃП. Александар Васоски откако го извлече тимот од опасната зона на табелата, вторпат за три дена го надмудри Жикица Тасевски и го одведе тимот на Академија Пандев во финалето.

Вториот полуфинален дуел се игра утре, а се среќаваат Струга Трим Лум и Силекс.

Ферати во 15.минута ги доведе гостите во водство, а израмни Ајрулаху во 31.минута.

Само три минути подоцна Академија Пандев остана со играч помалку откако токму стрелецот Ферати беше исклучен по добиени два жолти картони.

Марјан Радески од пенал во 55.минута донесе нова предност за Академија Пандев, пет минути подоцна Томе Китановски доби црвен картон во тимот на Македонија ЃП, а во судиското продолжение, Радески со уште една реализација од пенал го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови