Александар Васоски е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондициски тренер.
Позната е и програмата за зимските подготовки. Прозивката е на 8. јануари во Струмица, каде ќе се одработи и првиот дел од подготовките. На 20. јануари тимот заминува на двонеделни подготовки во Анталија – Турција, каде се планирани и неколку пријателски натпревари.
„Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги“, велат од Академија Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski