Марко Рајковиќ е најново засилување на Академија Пандев, во обид управата на струмичкиот прволигаш да состави тим со кој повторно ќе атакува на излез во фудбалска Европа. Србинот Рајковиќ доаѓа од редовите на Силекс, па откако му помогна на кратовскиот тим во битката за опстанок реши летово да си замине од овој клуб и да се пресели во таборот на „пандевци“.
„Марко Рајковиќ е најновото засилување за Академија Пандев. Напаѓачот кој минатата сезона настапуваше за ФК Силекс, денес потпиша професионален договор и ќе ги брани боите на нашиот клуб. Му посакуваме успешна сезона и многу постигнати голови. Во наредните денови се очекуваат уште неколку засилувања за новата сезона“ – објавија од раководството на Академија Пандев.
Рајковиќ пред Силекс има настапувано за Слобода Ужице, Металац, Колубара, Телеоптик, Синѓелиќ…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













