
Академија Пандев и со втор идентичен пораз, и без постигнат погодок во двата натпревари против Зрињски од БиХ, го заврши својот дебитантски настап во Европа во клупската историја.
По оние 0-3 во Скопје, „пандевци“ во Мостар поразени повторно со 0-3 во натпревар во кој реално заслужија барем почесен погодок во Европа. И покрај привидната иницијатива на домашните на стартот од мечот првата вистинска шанса ја имаше македонскиот состав кој во 25. минута преку Томислав Илиев не успеа да дојде до водство.
Домашните до предност дојдоа со голот на Мандиќ во 50. минута…
Zrinjski – Akademija Pandev 1:0 pic.twitter.com/yZiHU1dRY9
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
На 2-0 зголеми Говедарица со прекрасниот погодок во 79. минута…, а конечните 3-0 ги постави Гојковиќ во 92. минута од натпреварот.
Eurogol Govedarice! Zrinjski – Akademija Pandev 2:0 pic.twitter.com/G44VnkNnVC
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Зрињски во следното коло од квалификациите во Лигата на Европа ќе игра против холандски Утрехт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
