Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт одбил 80 милиони евра од Пари Сен Жермен за својата ѕвезда Рандал Коло Муани, пренесува весникот „Билд“. Германскиот тим е цврст во желбата да добие 100 милиони евра за францускиот интернационалец и нема намера да отстапи од своите барања. Токму оваа цена одврати многу од тимовите кои беа заинтересирани за него ова лето, како Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Парижаните, сепак, немаат намера да се откажат од желбата да го купат Коло Муани и подготвуваат нова понуда. Ќе биде за иста сума, но ќе го вклучи и Хуго Екитике.
Минатата сезона, Екитике настапи на 25 натпревари во Лига 1 и постигна три гола и четири асистенции.
ПСЖ сака дополнително да го засили нападот откако летово веќе се раздели со најголемите ѕвезди на светскиот фудбал Нејмар и Лионел Меси, а иднината на Килијан Мбапе останува сериозно неизвесна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













