
Холандскиот првак Ајакс го отпушти техничкиот директор Свен Мислинтат по само четири месеци во клубот.
„Недостигот од широка поддршка во организацијата“ доведе до крај на престојот на 50-годишниот специјалист во Ајакс, соопшти фудбалскиот клуб.
Престанокот на соработката не е врзан со најавената истрага од судски сметководител, се додава во соопштението.
„Неколкуте обиди да се врати широката поддршка не доведоа до посакуваниот резултат“, објасни привремениот директор Јан ван Халст.
Минатата недела се дозна дека Свен Мислинтат е под истрага за потенцијален конфликт на интереси околу потписот на хрватскиот фудбалер Борна Соса од Штутгарт во Ајакс. Мислинтат има удел во платформата за анализа на фудбалски податоци „Мачметрикс“, а од летото таму удел има и компанијата за фудбалски агенти АКА, вклучена во трансферот на Соса.
Ајакс потврди дека Свен Мислинтат ги информирал за неговата вмешаност кога го потпишал договорот со клубот, но не биле запознаени со деталите за АКА.
„Бидејќи АКА Глобал поддржува играч кој потпиша за Ајакс во текот на летото, клубот одлучи подетално да ја разгледа работата и му помагаат надворешни советници“, објави Ајакс претходно.
Мислинтат беше технички директор на Ајакс од 19 мај, а претходно беше на функцијата спортски директор во Штутгарт речиси три години. Тогаш за германскиот тим настапуваше и Соса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
