Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро по една деценија заминува од „Итихад“, ќе го напушти Манчестер Сити и треба да потпише двегодишен договор со Барселона. Тој се „одјави“ со два гола на денешниот последен меч против Евертон и стигна до неверојатни 184 постигнати гола на 275 настапи во Премиер – лигата. Агуеро со двата денешни гола го урна рекордот на Вејн Руни кој за Манчестер Јунајтед има постигнато 183 гола.
Агуеро е фудбалерот кој има постигнато најмногу голови за еден клуб во Англија, а исто така го држи рекордот за најмногу хет – трик остварувања. Тој во дресот на Манчестер Сити има постигнато 12 хет – трика.
Аргентинецот е четврти најдобар стрелец во историјата на Премиер – лигата и има постигна голови против 32 од вкупно 33 ривали против кои настапувал на Островот.
Манчестер Сити најави дека пред „Итихад“ ќе биде подигната негова статуа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













