
Агим Ибраими по подолг период повторно е дел од националниот тим на Македонија. Вели дека му е чест што повторно ќе го носи државниот дрес и потенцира дека со вистински карактер Македонија може секого да победи.
„Голема чест е за мене пак да сум во репрезентацијата…Нормално, секогаш има многу емоции. Мотивиран сум максимално и секогаш сум бил. Со големо задоволство сум играл, сум го давал максимумот и така ќе биде и сега. Сите играчи се во добар ритам, играат во клубовите и треба сите заедно да го пренесеме тоа во репрезентацијата. По успехот кој го направи Македонија, сега сите репрезентации го сфаќаат овој национален тим сериозно. Со вистински пристап, карактер и его, можеме да победуваме. Подготвен сум максимално, а дали ќе добијам минутажа ќе одлучи селекторот“, изјави Ибраими.
Македонската фудбалска репрезентација утре патува за Букурешт, а в четврток (20.45 часот) ќе го игра првиот меч од квалификациите за СП 2022 против Романија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
