
Европските медиуми го „донесоа“ Зинедин Зидан на кормилото на Пари Сен Жермен, но, сепак, неговиот агент тоа го демантира.
„Во моментов само јас го застапувам и го советувам Зинедин Зидан, а ниту еден од нас не контактирал директно со сопствениците на ПСЖ“, изјави агентот Ален Милијачо.
„Дури не сум сигурен ниту дека емирот од Катар е воопшто заинтересиран да потпише нешто со Зидан. Исто така, многу се сомневам дека тој ги користи социјалните мрежи за да донесе важни одлуки за ПСЖ“, истакна менаџерот.
Францускиот првак ПСЖ треба да ја објави разделбата со актуелниот тренер Маурисио Покетино, а потоа и да именува нов шеф на стручниот штаб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal