Connect with us

АЕК му понуди рекордна клупска плата на Марсијал

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, размислува за понудата на АЕК Атина. Французинот е слободен агент и може да потпише во секое време.

Според информациите на грчките медиуми, АЕК му нуди рекордна плата за клубот. Не се знае колкава е точната сума, но секако е поголема од платата на Ерик Ламела, кој моментно е најплатен фудбалер во тимот со 2 милиони евра.

Иако е сериозен хонорар според грчките фудбалски стандарди, евентуалниот приход на Марсијал ќе биде секако многу помал во споредба со оние 250.000 фунти неделно што ги заработуваше на „Олд Трафорд“.

Инаку, АЕК е заинтересиран и за Давид Датро Фофана, кој е во сопственост на Челси, но не е вклучен во плановите на менаџерот Енцо Мареска. Трансфер маркетот во Грција е отворен до 11 септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови