Кристијано Роналдо предизвика голем инцидент во Саудиска Арабија. По натпреварот и поразот на Ал-Наср од Ал-Хилал, тој се фати за меѓуножјето откако го напушти теренот и откако навивачите на домашниот тим почнаа да го скандираат името на Лионел Меси.
Според законите на Саудиска Арабија, Португалецот поради таков понижувачки потег би можел да биде избркан од земјата, но Ал-Наср тврдат дека Португалецот немал реакција кон публиката, туку дека имал одредени проблеми со повреда на препоните.
Cristiano Ronaldo reaction when the fans were chanting "Messi"pic.twitter.com/kMZCVNYN5Q
— IBT4P (@iibt4p) April 19, 2023
Адвокатката Нуф Бинт Ахмед побара депортација на Роналдо од Саудиска Арабија.
„Не следам спорт. Но, дури и гледачите да го испровоцирале Роналдо, тој не реагираше добро. Неговото однесување е кривично дело. Ќе поднесеме пријава до обвинителството”, изјави Бинт Ахмед.
Ал-Наср потоа негираше дека Кристијано направил нешто намерно. Тврдат дека има повреда во пределот на гениталиите, а адвокатката добила бројни закани и уцени.
Таа потврди дека клубот се обидува да го прикрие овој инцидент и тоа ќе го направи со медицински извештај од лекарски преглед.
„Законски, тој може да биде избркан поради овој потег. Лекарскиот извештај може да го спаси од тоа. Сепак, јавноста има сериозни сомневања за резултатите од прегледот“, вели Нуф Бинт Ахмед.
„Ал-Наср ме контактираше и ме замоли да ја избришам објавата, но јас одбив. Дури ми се заканија со адвокатот на Роналдо и кривична пријава доколку не избришам сѐ и не испратам извинување. Клубот сѐ уште тврди дека тој е невин и дека има повреда. На надлежните им е претставен лекарски извештај и ако навистина се работи за повреда, тој официјално ќе биде невин“, е пораката на адвокатката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













