Шкупи го совлада Работнички со 2-0 во премиерниот натпревар од 23.коло во Првата фудбалска лига. Сандеј Адетунџи и Марјан Радески беа стрелци на головите за тимот од Чаир кој се зацврсти на врвот на табелата со 55 бода.
„Беше тежок натпревар затоа што нашиот противник дојде навистина сериозно подготвен. Сè што требаше да направиме е да ги спроведеме задачите дадени од нашиот тренер. Во првото полувреме ни одеше потешко бидејќи тие добро се бранеа, но во вториот дел мислам дека повеќе напаѓавме и успеавме да ги пробиеме. Првиот гол ни помогна многу затоа што потоа постојано напаѓавме, а тоа кај противникот внесе и страв“, изјави Адетунџи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski