Тројца македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб и Енис Барди со Трабзонспор вечерва ќе се обидат да влезат во фудбалскиот рај, со своите тимови да осигураат пласман во Лигата на шампионите. Засега Македонија има еден претставник во ова натпреварување, Елиф Елмас со Наполи.
Динамо Загреб загуби миминално (0-1) на гостувањето во Норвешка и ќе треба да побди со два гола разлика вечерва на „Максимир“.
„Поготвени сме за предизвикот и верувам дека сѐ ќе заврши добро за нас. Бодо е квалитетен ривал, трчаат многу, наметнуваат темпо, но мислам дека сме подобар тим. Со помош на публиката, верувам дека можеме да победиме и да ја оствариме целта“, вели Аријан Адеми.
Енис Барди постигна два гола за Трабзонспор викендов во турската Суперлига и вечерва сигурно ќе биде еден од големите адути на својот тим во дуелот против ФК Копенхаген.
Трабзонспор исто така има негатива од еден гол (1-2) од првиот меч во Данска.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski