Connect with us

Адеми прослави голем јубилеј – 400. меча во дресот на Динамо Загреб

Капитенот на Динамо Загреб и досегашен македонски репрезентативец, Аријан Адеми, влезе кон крајот на натпреварот против Вараждин (0-1) и на тој начин го забележа својот 400. настап за хрватскиот клуб. Повеќе од него има одиграно само Дражен Ладиќ, поранешниот голман на хрватската репрезентација – 468.


Адеми има 32 години и има доволно време да го собори рекордот на Ладиќ.


Сезонава тој забележа 26 настапи за Динамо, но со мала минутажа поради клаузулата според која Динамо би требало дополнително да му плати обештетување на неговиот поранешен кинески клуб доколку ја надмине договорената минутажа. Исто така, не му беше дозволено да настапува во Европа.


Адеми стана играч на Динамо Загреб во 2010 година, кога бесплатно се пресели од Шибеник. Освои 12 шампионски титули и четири купа на Хрватска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови