
Динамо Загреб го победи Челси со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите на „Максимир“ пред 20.000 гледачи. Решавачкиот гол против англискиот премиерлигаш го постигна Мислав Оршиќ во 13. минута, откако побегна од комплетната одбрана на гостите.
По натпреварот, капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој и официјално беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, го истакна задоволството.
„Покажавме дека сме силен тим, за што се знаеше и порано, но сега го демонстриравме тоа против европски великан. Одигравме добро, иако имаше и грешки. Петковиќ и Оршиќ беа одлични. Мислам дека заслуживме да победиме. Не играше Челси слабо, туку ние толку му дозволивме“, изјави капитенот на Динамо.
Адеми истакна дека фокусот на Динамо сега е на Горица, која од клупата ја предводи Игор Ангеловски.
„Пред да излезам, ми пукна ноктот на палецот, се искрвари. Ова е секако голем натпревар, еден од најголемите што сме ги одиграле, но се надевам дека во иднина ќе има уште поголеми. Не сакаме да даваме никакви изјави за Салцбург и за Милан. Целата концентрација е на Горица в сабота“, потенцираше Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal