Хрватскиот првак Динамо Загреб е најголемата сензација во Лигата на Европа, заедно со Славија Прага, откако успеа да го елиминира англискиот првак Тотенхем и се пласира во четвртфиналето на Лигата на Европа.
Мислав Оршиќ беше херој, постигна хет – трик, а капитенот Аријан Адеми вели дека оваа екипа на Динамо е подготвена за големи дела.
„Верувавме во ваков триумф и покрај поразот во Лондон. Таму бевме во грч. Покажавме дека екипа е подготвена да направи големи работи. Оршиќ е маестрален, кога тој ќе експлодира на противниците им нема спас. Гиневме на теренот, не фаќаа грчеви, но издржавме и успеавме. Утре ќе го чекаме следниот ривал, а сега треба да се фокусираме на хрватското првенство и да ја освоиме титулата“, изјави Аријан Адеми.
Стефан Ристовски исто така одигра одличен меч за Динамо Загреб против Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













