
Тој е најдобар фудбалер во хрватското првенство, неверојатен борец во дресот на фудбалската репрезентација на Македонија – „џек – пот“ што нашиот национален тим го доби откако Хрватите лесно го испуштија и не му дадоа шанса да игра за „коцкестите“.
Аријан Адеми, кој играше и повреден за Македонија на решавачкиот плејоф меч против Грузија во Тбилиси, вели дека нашиот национален тим има квалитет и сила да ја мине групата против Австрија, Украина и против Холандија на ЕП 2021.
„Искрено, мислам дека можеме да ја минеме таа група. Навистина тоа го мислам ! Вистинска екипа сме, селекторот феноменално не склопи во одличен тим. И на тоа му честитам. На Македонија претходно секогаш и беше проблем што нема стандарден тим, се појавуваа многу фудбалери, И играше добро, но резултат никако не се поклопи, секогаш губеше. Сега се случува сосема спротивното. Ќе одиграме можеби и полошо, но ќе победиме. Затоа сум сигурен дека можеме да направиме големи нешта на ЕП 2021“, вели Аријан Адеми во интервјуто за хрватскиот „Тпортал“.
Тој се одлучи да заигра за Македонија откако долго не доби повик од хрватските селектори. Вели дека Агим Ибраими е најзаслужен затоа што одлучи да игра за фудбалската репрезентација на Македонија, а како мал секоја зима доаѓал на гости во нашата земја.
„Претходно, додека бев помлад, одев во Македонија секоја зима, а многу често и во летен период. Се додека не почнав професионално да играм фудбал, затоа што во тие месеци имав подготовки. Вистина, имаше период од три, четири години, додека не добив прв повик во репрезентацијата, не можев да стигнам да отидам таму. Ме поврзуваат многу нешта за тој крај, икам таму баба и дедо, имаме семејна куќа, имам пријатели, роднини. А еден од нив, Агим ибраими, кој играше за Шкендија, Марибор и Астана, одигра голема улога во тоа мое прифаќање да играм за репрезентацијата на Македонија. Којзне, да не беше тој, можеби и немаше да го прифатам повикот. Но, секако, сега сум пресреќен, ме ценат и ме респектираат и навистина уживам“, вели Аријан Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
