
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе го памети настапот на Европското првенство додека е жив. Среќен е и горд на учеството на Македонија, благодарен на поддршката од македонските навивачи кои направија неверојатна атмосфера во Букурешт.
„Горд сум што играв со Македонија на Европското првенство. Среќен сум, но малку и тажен затоа што мислам дека можевме да направиме и нешто повеќе резултатски. Но, го плативме данокот на неискуството, не се снајдовме најдобро, а во некои моменти ни фалеше и среќа“, вели Адеми.
Тој ги издвои моментите за паметење од ЕВРО.
„Европското првенство ќе го паметам најмногу по првиот меч со Австрија. По таа неверојатната атмосфера што нашите навивачи ја направија на стадионот. Навивачите ни беа ветер во грб, не само на тој меч, туку во текот на целиот наш настап. Ќе го паметам Европското и по простувањето на Горан Пандев, кој толку многу даде за македонската репрезентација, а ние му направивме шпалир против Холандија и беше прекрасна сцена“, раскажа Адеми за хрватските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
