Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат против англискиот Тотенхем во осминафиналето на фудбалската УЕФА Европа Лига. Вака реши денешната ждрепка за вториот сегмент од нокаут фазата во ова натпреварување.
Осминафиналните натпревари ќе бидат одиграни на 11. и 18. март. Динамо ќе биде домаќин на воведниот натпревар.
Во шеснаестинафиналето тимот на Адеми и на Ристовски забележа две победи над Краснодар, вчера во реваншот славеше со 1-0. Двајцта наши репрезентативци беа во стартниот тим .
Дерби на оваа фаза ќе биде двомечот меѓу Манчестер Јунајтед и Милан. Покрај нив ќе се сретнат и Олимпијакос-Арсенал, ајакс-Јанг Бојс, Рома-Шахтјор, Славија Прага-Глазгов Ренџерс и Гранада-Молде.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski