
Хрватскиот првак Динамо Загреб вечерва на „Максимир“ го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против шпанскиот тим Вилјареал. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се дел од адутите на тренерот Дамир Крзнар кој има проблеми со навалната линија. Сепак, херојот од двомечот со Тотенхем, Мислав Оршиќ, ќе биде во тимот.
„Не очекувајте премногу измени во тимот. Тоа е нашиот најдобар тим, јасно е дека имаме проблеми во нападот. Но, овој Динамо покажа дека е подготвен за големи нешта“, изјави тренерот Дамир Крзнар, кој го замени Зоран Мамиќ на клупата на „модрите“.
Капитенот Аријан Адеми е клучот во играта на Динамо Загреб во средниот ред, алфа и омега, а и Стефан Ристовски се наметна како стандарден првотимец. Тој успеа комплетно да го сопре Хјонг – Мин Сон во дуелот со Тотенхем.
Арсенал на „Емирати“ ја пречекува Славија Прага, а Ајакс во Амстердам ќе биде домаќин на Рома. Манчестер Јунајтед патува во Шпанија и ќе ги одмери силите со Гранада, која е дебитант во Лигата на Европа, но успеа да избори пласман во четвртфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
