Connect with us

Адеми го реши Шкупи, Динамо за нијанса подобар и останува во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкупи со минимален пораз (0-1) од Динамо Загреб во Скопје се збогува со квалификациите во Лигата на шампионите. Тимот од Чаир ќе го продолжи настапот во плејофот за пласман во групите од Лигата на Европа против Шамрок Роверс.


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше кобен за Шкупи. Тој го постигна победничкиот гол за гостите во 47.минута откако на умешен начин го искористи додавањето на Лука Менало тресејќи ја мрежата на Шкупи.


Динамо Загреб беше за нијанса подобар и во првото полувреме. Бруно Петковиќ во 45.минута ја имаше најубавата шанса за Динамо Загреб во првиот дел. Напаѓачот излезе сам пред голманот Наумовски, но се одлучи на дриблинг, и на крајот одбраната на Шкупи интервенираше.


Шкупи исто така имаше одлични моменти во првиот дел. Валид Хамиди шутираше во 15.минута директно во Ливаковиќ, а Џелил Абдула со глава испрати шут над голот.


Шкупи опасно се закани во 41.минута, кога Реналдо Цефас побегна по десната страна, шутираше силно, но за малку не погоди во спротивниот агол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови